Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева нема да прусуствува на потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција, што ќе се случи утре во Преспа на грчка територија.
– Тоа е билатерално прашање меѓу Грција и Македонија. Ќе присуствуваат двајцата еврокомесари и заменикот генерален-секретар на ОН. Ние нема да присуствуваме, изјави Захариева, одговарајќи на новинарско прашање во Градскиот парк во Скопје, каде што се одржува Фестивалот One love tour 2018.
На фестивалот учествуваат голем број изведувачи од Бугарија и Македонија.
Бугарската министерка вчера беше во посета на Струмица и Ново Село.