СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да покаже зрелост и да го поддржи договорот за името

Според СДСМ, договорот ниту е штетен ниту пак е удар врз правото на самоопределување како што лажно тврди ВМРО-ДПМНЕ. Сосема спротивно, Договорот го гарантира и го зајакнува македонскиот идентитет и никој повеќе нема да го оспорува или негира. Македонски јазик, Македонци, Македонски, Македонец, Македонка, обезбедено еднаш засекогаш.

198

ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже зрелост и одговорност и да го поддржи Договорот којшто е во согласност со државните и националните интереси и којшто се става крај на 25 годишниот спор што ја влеше Македонија надолу, порачуваат од СДСМ.

Според СДСМ, договорот ниту е штетен ниту пак е удар врз правото на самоопределување како што лажно тврди ВМРО-ДПМНЕ. Сосема спротивно, Договорот го гарантира и го зајакнува македонскиот идентитет и никој повеќе нема да го оспорува или негира. Македонски јазик, Македонци, Македонски, Македонец, Македонка, обезбедено еднаш засекогаш.

„Целиот демократски свет дава силна поддршка за решението на овој долгогодишен спор.Дури и Европската народна партија (ЕПП) кадешто членува и ВМРО-ДПМНЕ го поздравува Договорот и повикува на конструктивност од сите политички партии“, велат од СДСМ во денешното соопштение.

СДСМ додадва дека ВМРО-ДПМНЕ треба да даде поддршка на Договорот којшто ги штити нашите интереси, го обезбедува идентитетот и ги отвора перспективите за полноправно членство во НАТО и почеток на преговори за членство во ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...