Офлајн превод на 59 јазици на „Google Translate“

Досега офлајн преводот на овие јазици беше речиси невозможна задача која траеше многу време, а честопати се појавуваа грешки при преведување на одредени фрази.

359

„Google Translate“ е една од најдобрите услуги за преведување и е особено корисна кога патувате во странство. Компанијата, исто така, нуди офлајн режим, кога немате пристап до Интернет.

Се разбира, преводот не е прецизен како при он-лајн користењето на алгоритми, но се доволно добри да го разберат значењето на зборовите и речениците. „Google“ користи невронски мрежи и постојано ја подобрува способноста на „Translate“ при офлајн употреба, пишува „ТекКранч“.

Најновото ажурирање на компанијата обезбедува поддршка за системот за преведување на невронски машини (НМТ) за 59 јазици (вклучувајќи го и македонскиот), кој може да се користи без интернет пристап. Дистрибуцијата на ажурирањето веќе започна и ќе биде достапна за сите корисници во рок од неколку недели. Досега офлајн преводот на овие јазици беше речиси невозможна задача која траеше многу време, а честопати се појавуваа грешки при преведување на одредени фрази.

Компанијата тврди дека треба да преземете датотека со големина од само 30-40MБ. Ова е прилично прифатлива вредност, имајќи предвид дека покрива 59 јазици, како и вградената меморија што ја нудат модерните паметни телефони. Се чини дека „Google“ сака да нѐ натера почесто да го користиме „Translate“ при патување.

Еве и кои јазици добија офлјан поддршка:

Afrikaans, Albanian, Arabic, Belarusian, Bengali, Bulgarian, Catalan, Chinese, Croatian, Czech, Danish, Dutch, English, Esperanto, Estonian, Filipino, Finnish, French, Galician, Georgian, German, Greek, Gujarati, Haitian, Creole, Hebrew, Hindi, Hungarian, Icelandic, Indonesian, Irish, Italian, Japanese, Jannada, Korean, Latvian, Lithuanian, Macedonian, Malay, Maltese, Marathi, Norwegian, Persian, Polish, Portuguese, Romanian, Russian, Slovak, Slovenian, Spanish, Swahili, Swedish, Tamil, Telugu, Thai, Turkish, Ukrainian, Urdu, Vietnamese and Welsh

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...