Возењето велосипед корисно за луѓето и животната средина

Возењето велосипед, според РСБСП, ќе ги натера децата да излезат надвор и помалку време да поминуваат пред телевизор и компјутер, како и да се фокусираат на училишните задачи.

240

Возењето велосипед има здравствени придобивки, се заштитува животната средина и се учат децата на здрави навики, велат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Во соопштението од Советот за безбедност во сообраќајот посочуваат дека со возењето велосипед се намалува стресот, се согоруваат 600 калории на час и се намалуваат CO2 емисиите во сообраќајот.

„Вашето срце има исклучително важна функција, а возењето велосипед го прави посилно. Возењето велосипед може да го продолжи животот ако возите редовно. Дури и ако возите неколку пати неделно, може да го намали вашиот крвен притисок и да ве направи да се чувствувате енергично и расположено“ се наведува во соопштението.

Возењето велосипед, според РСБСП, ќе ги натера децата да излезат надвор и помалку време да поминуваат пред телевизор и компјутер, како и да се фокусираат на училишните задачи.

„Едно неодамнешно испитување од Норвешка открива дека учениците кои имаат физичка активност во природа подобро се концентрираат на училиште. Возењето велосипед може да му даде предност на вашето дете на училиште. Иако ова испитување не може комплетно да ги предвиди резултатите, тие покажуваат дека возењето велосипед им помага и на децата и на возрасните да ги подобрат нивните ментални способности“ се вели во соопштението на РСБСП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...