Австрискиот канцелар Себастијан Курц во интервју за виенски Стандард вели дека очекува голем чекор за Македонија кон ЕУ по договорот со Грција во врска со името.
– По договорот за името, се надевам и дека ќе следува голем чекор за Македонија – изјави тој.
Курц вели дека за време на претседавањето на Австрија со Европската унија очекува напредок во пристапните преговори на Србија и на Црна Гора.
Во интервјуто Курц нагласи дека Западен Балкан и ширењето на ЕУ се меѓу приоритетите за шестмесечното претседавање што Австрија го презема на 1 јули.
Курц истакна дека Австрија ја поддржува идејата за еден голем единствен економски простор на Балканот.
– Тоа не би било добро само за економскиот развој на целиот регион туку ќе биде и придонес за намалени етнички тензии- укажува Курц.