Ципрас: Поради името немавме силни економски врски со соседите

774

Договорот со северниот сосед што е од историско значење за Грција, носи придобивки и на економско ниво, рече грчкиот премиер говорејќи на конференцијата на Економист што се одржува во близина на Атина.

Постигнатиот договор со Македонија, Алексис Ципрас овојпат го коментираше од економски аспект и објасни дека нерешавањето на проблемот било пречка за двете земји да создадат силни економски врски, јави дописничката на МИА од Атина

– Неодамнешниот договор до кој стигнавме по шест месеци тешки преговори со нашите северни соседи за решавање на долгогодишниот спор со името на поранешната југословенска Република Македонија е разврска од историско значење, успех од историско значење за Грција со разновидни придобивки и во економската сфера. Бидејќи пролонгирањето на овој проблем, не само што ги лишуваше можностите од нашата земја, не само што, би рекол, непродуктивно трошеше сили во дипломатијата, туку и ја лишуваше можноста за земјата да создаде силни врски на економска соработка и заеднички развој со нашата соседна земја – рече грчкиот премиер. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...