Груевски: СЈО го истражува и новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ

2417
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Поранешниот премиер Никола Груевски се обрати на Фејсбук во врска со договорот за името меѓу Македонија и Грција. Тој смета дека тоа е национална катастрофа и предавство и токму затоа тој не го решил спорот, а не затоа што не сакал да влеземе во НАТО и ЕУ.

Според неговата анализа објавена на неговата страница на социјалната мрежа, екс премиерот смета дека сѐ што се случува и за сѐ што се обвинува тој и неговите соработници, формирањето на СЈО, истрагите, протестите, медиумските напади, па дури и објавувањето на аудио снимките познати како „бомби“… станува јасно ако се прочита договорот кој во недела ќе го потпишаат Македонија и Грција за решавање на спорот со името.

Во еден дел од анализата, тој открива и дека не само тој и неговите соработници туку и новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ е под истраги на Специјалното и Основното јавно обвинителство.

Зошто иако пола година не сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ, и две и пол години не сум премиер, се уште од страна на СДСМ и контролираните медиуми од нив сум најнапаѓана личност и тоа секој ден?

„Зошто по цена да се породи во самата судницата, Гордана Јанкуловска брзаат да ја осудат согласно зацртаниот план? Зошто Митко Чавков и група негови соработници од МВР се обвинети и притворани и зошто се притворија Владо Јовановски, Дурловски, Богдан Илиевски- Бетмен, Борис Дамовски, 6-те пратеници на ВМРО и коалицијата- Јохан Тарчуловски, Љубен Арнаудов, Крсто Муковски, Сашо Василевски и Љупчо Димовски, и десетици други лица од тој случај и многу повеќе од други случаи? Зошто над околу 300 луѓе од ВМРО-ДПМНЕ се под судско политички прогон? Зошто освен кон старото раководство СЈО и ОЈО започнаа предистраги и кон членови на новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ? Зошто апсат лица кои протестираа пред парламентот пред неколку дена. Секому кому се уште не му се јасни, му се разјаснуваат работите“, пишува Груевски.

ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...