Груевски: Не го решив името не зашто не сакам во ЕУ и НАТО, туку зашто е предавство

3105
20151214 Monday sobranie anketna komisija svedoci soslusuvane nikola gruevski

Поранешниот премиер Никола Груевски со своја анализа на договорот меѓу Македонија и Грција се обрати на Фејсбук. Тој вели дека тоа e национална катастрофа.

„Секој што ќе го прочита овој договор, расчистува со многу дилеми. Се што не му било јасно, му станува јасно. Секому станува јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ во годините кога беше на власт, и покрај напорите, не успеа да најде решение за спорот отворен од Грција а поврзан со името. Не затоа што јас како Премиер во тоа време, или партијата ВМРО-ДПМНЕ, или владата не сме имале доволно волја, или не сме сакале земјата да стане членка на НАТО и Европската унија, како што често не обвинуваа а и денес се уште не обвинуваат, туку затоа што другата страна под компромис подразбираше да прифатиме нешто што е целосен национален триумф за нив, и целосна национална катастрофа за Република Македонија. Ние тоа не го прифативме. Секому станува јасно, дека без национално предавство договор по ова прашање со нашиот јужен сосед не е, и не бил можен. Јас тоа не го прифатив. Секому станува јасно што и зошто се случуваше во Македонија во последните 4 години“, пишува Груевски на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...