На Рамазан Бајрам останаа без вода и без струја

Екипите сѐ уште работат на отстранување на причината за прекинот на струјата и водата.

968

Неколку села од општина Сарај од утрово се без вода и без струја. Струја и вода нема во Горна и Долна Матка, Глумово…

Жителите од Глумово денеска го слават празникот Рамазан Бајрам. Таму денеска цел ден е раздвижено од гости, но за жал, тие цел ден се пречекуваат без вода и струја.

Како што зборуваат граѓаните од овој дел на градот, екипите сѐ уште работат на отстранување на причината за прекинот на струјата и водата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...