Швајцарскиот тенисер Роже Федерер се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот од серијата 250 кој се одржува во Штутгарт.
Федерер во четвртфиналето го совлада аргентинскиот тенисер Гвидо Пелја со 2:0 во сетови (6:4, 6:4).
Швајцарскиот тенисер до вториот триумф по пауза од повеќе од два месеци стигна за време од еден час и седум минути игра.
Претходно, тој ја пропушти целата сезона на земјена подлога.
Федерер повторно се наоѓа во позиција да се врати на првото место на АТП листата, на чиј врв во моментот е шпанскиот тенисер Рафаел Надал.
За да се врати на првата позиција тој ќе мора да победи и во полуфиналето.
Фото: EPA/MIKE-NELSON