Јорго Урсузидис, пратеник на владејачката Сириза, на денешната собраниска дебата на која се расправаше за недоверба на Владата на премиерот Алексис Ципрас, во својот говор се обратил и на македонски јазик, објавија грчките медиуми.
– Драги пријатели од Република Северна Македонија, како што се договоривме, време е да го оставиме назад тоа што не разделува и да гледаме напред со тоа што е заедничко, со соработка и со љубов – рекол Урсузидис со изразен дијалект кој, според некои од медиумите, потсетувал и на бугарскиот јазик.
Неговото обраќање на македонски јазик било поздравено со аплауз од неговите сопартијци.