150 вработени од Водовод и канализација му се спротиставија на дождот

Оттаму истакнуваат дека на територијата на градот Скопје нема непроодни коловози или поплавени улици.

601

За време на обилните врнежи од дожд проследени со силен ветер екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје беа на терен и превентивно делуваа.

Вонредно беа повикани 150 луѓе од секторот Водовод и од секторот Канализација со што не се дозволи да се поплават критичните точки кои најчесто создаваат проблеми при обилни врнежи.

Оттаму истакнуваат дека на територијата на градот Скопје нема непроодни коловози или поплавени улици.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...