Џозеф: Само Русија не се радува на договорот меѓу Македонија и Грција

678

На дебата во Џонс Хопкинс Универзитетот во Вашингтон, беа изнесени ставовите на поранени високи претставници на американскaта администрација, професори и експерти, од кои речиси сите на некој начин беа вклучени во 25-годишниот спор за името, информира „Гласот на Америка“.

Заклучокот од дебатата е дека Напредокот на Балканот кон ЕУ и НАТО е соочен со тројна закана – руското влијание, внатрешните слабости на демократија на Западен Балкан и актуелната американска политика кон регионот.

Како што објави „Гласот на Америка“, на конференцијата посветена на регионот, било истакнато дека „ако договорот меѓу Грција и Македонија во врска со името и формално се реализира, членството на Македонија во НАТО и ЕУ може да биде забрзано, а што не и оди во корист на Русија“.

„Таа вест сигурно не ја израдувала Русија. Таа е единствената држава која не е среќна поради договорот“, рекол професорот Едвард Џозеф на конференцијата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...