Патувањето од Рашче до Скопје се скрати за пет километри

347

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска присуствуваше на отворањето за сообраќај на новиот пат меѓу Сарај и Рашче, со што патувањето до Скопје е пократко за пет километри.

Шилегов, како што информираат од Град Скопје, на отворањето кажа дека изградбата на патот е доказ дека кога има соработка помеѓу институциите и граѓаните може да се создаде нешто ново и корисно за сите.

– Решаваме повеќедецениски проблем за жителите на Рашче и околните населени места. Тие повеќе нема да мораат да кружат преку Кондово каде што патот често се поплавува, туку директно ќе можат да патуваат преку новиот пат. На оваа локација е изграден нов алтернативен пат до Рашче и изворот Рашче во должина од 3,5 километри и ширина од 5 метри. Патот е направен како резултат на меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и општина Сарај. На терен работеа екипите на ЈП „Улици и патишта“, а материјалите ги обезбеди приватен инвеститор – рече Шилегов.

Посочи дека патот е изграден со голема помош на околните жители, а ќе биде од корист и на населените места, Копаница, Бојане и Кондово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...