Вработен во „Водовод и канализација“ искасан од куче во Радишани

194

Вработен во ЈП „Водовод и канализација“ вчера бил повеќе пати каснат од куче додека отчитувал водомер во скопското село Радишани.

„Во полициската станица Чаир, вчера во 13.35 часот, вработен во Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ пријавил дека истиот ден околу 10:00 часот на ул. „46“ во село Радишани, додека извршувал работни задачи, односно отчитувал водомер, повеќе пати бил каснат од куче во пределот на десната нога. За време на случката бил присутен и сопственикот на кучето кое било без ланец и заштитна маска“, се наведува во полицискиот билтен.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...