И попладнево ќе истура дожд и ќе грми

267
20150617 Wednesday 1344 poroen dozd skopje letno nevreme leten dozd vremenska prognoza

Нестабилно време со пороeн дожд проследен со грмежи, засилен ветер и локална појава на град во попладневните часови на повеќе места најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во западните делови сe очекува да наврне и поголема количина на воден талог, додека преку денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец, кој попладне ќе засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени.

Изминатите 24 часа во Скопје наврнале 40 литри на метар квадратен воден талог, додека, во Прилеп и Пожаране 18, во Куманово 16, Штип 10, Тополчани 9, Виница и Тетово 8, Лазарополе 7, Битола, Крушево и Крива Паланка по 6, Демир Капија 4, Ѓуриште и Гевгелија 2 и Маврово еден метар воден талог.

До понеделник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи. Врнежите локално ќе бидат поројни и понекаде се очекува да наврне и поголема количина на воден талог. Од среда нестабилноста ќе се намали, но и понатаму ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...