Премиерот Зоран Заев упати писмо со честитки по повод муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, Сулејман Реџепи, со порака и желби до сите верници од исламската вероисповед, празникот да ги исполни со топлина и радост нивните домови и души.
Во честитките по повод Рамазан Бајрам, премиерот посакува празникот и оваа година да биде повод за зацврстување на верата и надежта во подобра иднина и напредок, и да биде уште еден придонес за заедништво во семејствата, меѓу соседите, пријателите и меѓу сите луѓе со добра волја и мисла.
„Со искрената посветеност на Бога, сите заедно и искрено да продолжиме со традицијата која со векови живее на овие простори. Да ја јакнеме Македонија како пример за соживот, почит и разбирање за луѓето од сите вери и нации, и да создаваме дела и вредности за следните генерации“, се вели во честитката од премиерот Заев до муслиманските верници во Република Македонија.