Бибер: ЕПП да ја притисне ВМРО-ДПМНЕ да заземе проевропска позиција

Би било корисно ако Европската народна партија (ЕПП) изврши притисок врз нејзините членки Нова демократија и ВМРО-ДПМНЕ да заземат проевропска линија што ќе стави крај на спорот, смета австрискиот аналитичар.

1247

Договорот меѓу Македонија и Грција е добар компромис и тој нуди трајно а не привремено решение, смета австрискиот аналитичар и професор на Универзитет во Грац, Флориан Бибер, кој е и координатор во Групата за европски политички совет (BiEPAG).

– Јасно е дека постојат два македонски идентитет, еден е на Грците во северна Грција и еден на Македонците, како и тоа дека и двата можат да коегзистираат. Договорот се заснова на прифаќање на оваа двојност односно обезбедува македонски јазик и националност и го менува името на државата. Ако размислите за историскиот регион на Македонија, тоа всушност не е нешто што е неточно, но за да се биде попрецизен соодветно е да биде Северна Македонија – вели Бибер.

Тој смета дека постигнувањето на договорот е нешто што е само по себе добро бидејќи „статус кво“ ситуацијата е нешто уште полошо.

Бибер смета дека спроведувањето на договорот ќе биде тешко бидејќи бидејќи националистите на двете страни силно се противат на тоа, а владите немаа големо мнозинство, осоено во Грција.

– Успехот ќе зависи од следните чекори и од тоа дали владите во двете земји ќе успеат да ги убедат своите граѓани. Досега, двете држави, прес сѐ Грција, не секогаш успеваше да го подготви теренот и да се соочи со жестоката и радикална опозиција – вели аналитичарот.

За референдумот, тој смета дека е голема пречка и ќе зависи од владината способност да ги убеди своите поддржувачи за основаноста на договорот кој со себе го носи и пристапувањето кон ЕУ и членството во НАТО.

– Тука, надворешните актери можат да помогнат со нивните стимулации. Исто така, би било корисно ако Европската народна партија (ЕПП) изврши притисок врз нејзините членки Нова демократија и ВМРО-ДПМНЕ да заземат проевропска линија што ќе стави крај на спорот – заклучува Бибер.

Извор: European Western Balkans

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...