СДСМ го честита Рамазан: Да ги унапредиме меѓусебната почит и толеранција

230

Генералниот секретар Александар Кирацовски, во име на СДСМ упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до граѓаните кои го чествуваат празникот Рамазан Бајрам.

„Во деновите на празнување на Рамазан Бајрам, нека секој Ваш дом биде исполнет со мир, љубов, хармонија и радост. Големите верски празници не се само да нѐ потсетат на милоста и прошката која треба да ја имаме за себе, за блиските, за пријателите и на оние на кои им е потребна. Тие се суштина на ширењето на добрината, на човечноста, меѓусебната почит и добрата мисла. Да останеме цврсто обединети во заедничкиот стремеж за унапредување на меѓусебните односи кои и досега се градења во духот на меѓусебното разбирање и толеранција.  Заедно да  продолжиме по патот на создавањето и промовирањето на  вредностите за заедништво, просперитет и развој на Македонија“, пишува Кирацовски во честитката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...