Најмалку 450 умрени мали ајкули, меѓу 80 сантиметри и 1.5 метар, пронајдени се заплеткани во рибарска мрежа на брегот на Бретања, во западна Франција, јави управата на градот Плеубиана.
Еден рибар во вторникот нашол рибарска мрежа во подрачјето Силон де Талбер, во која биле заплеткани ајкули, ражи и други риби, прецизирал градоначалникот Лоик Махе.
По ова откритие без преседан, управата на местото се обратила во полиција.
Со помош на доброволци, техничката служба на градската управа ги извлекла телата на ајкулите и ги предала на службите надлежни за згрижување, а локалната управа тоа ја чинело 3.000 евра и таа ќе се обрати на поморската полиција.
– Мрежата претставува опасност за пловење, и гњурење – истакнале од локалната управа, која наведува дека станува збор за неодговорен чин.