Новите содржини на Баскерфест, магнет за најмладите

Во склоп на фестивалот годинава за првпат се вклучи и младиот уметник, скулпторот Горазд Христов кој го создаде детското катче со најразлични игри и забава за најмладите на кои, дефинитивно, најзабавно им е токму тука.

399
Детското креативно катче

На годинашниот „Баскерфест“ кој почна во вторникот, освен бројни акробати, баскер-изведувачи, музичари и многу улични артисти, има интересни содржини за сите возрасти. Плоштадот „Македонија“ шест дена ќе биде уличен театар под отворено небо со улични артисти, како и млади македонски музичари и светски баскер-бендови. За најмладите има и детска едукативна работилница „Киндер парк“, едукативен пет-корнер за животни, како и неколку интеркативни игри.

Во склоп на фестивалот има и интерактивни инсталации кои се поставени на целиот плоштад, како и натпревар за креативни уметници- „Арт’Н’Крафт“.

Авторот на инсталациите за деца, Горазд Христов, за најмладите подготви најразлични игри и забава, како лулашка со гуми, голем кафез полн со балони, тунел на стравот… и, како и другите содржини на „Баскерфест“, во шесте фестивалски дена и тие  почнуваат во 19 часот и се вистински магнет за децата.

Фото: Стефани Павловска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...