Француската полиција уапсила родители по 31 година откако нивната ќерка е пронајдена мртва, благодарејќи на ДНК доказите, јавуваат медиуми.
Телото на неидентификувано дете пронајдено е крај пат во Франција во 1987 година. Родителите се пронајдени по тестовите на ДНК на нивниот син во неповрзан случај и откриено е дека тие се поклопуваат со ДНК на девојчето.
Родителите ќе бидат испрашани на суд во четврток и ги очекува обвинение за убиство. Идентитетот на родителите не е објавен, но се верува дека се на возраст од 60 години. Полицијата официјално не го коментирала извештајот за апсењето.
Страшно долгогодишно мачење и канибализам
Телото на девојчето е пронајдено покрај автопатот А10, во близина на градот Блоиса, во 1987 година. Телото било покриено со ќебе.
Полицијата објавила дека верува оти девојчето имало меѓу 3 и 5 години во време на убиството. На телото имала знаци на страотно злоставување, вклучувајќи траги на човечки гризења, скршени коски и опекотини од пегла.
Истражителот кој го водел случајот тогаш изјавил дека станува збор за канибализам.
Исчезнувањето на девојчето никој не го пријавил и никој не се јавил во полиција во врска со случајот.
Истрагата за убиството била една од најголемите истраги во историјата на Франција. Нејзината фотографија е поставена на јавни места и пратена во 30 држави.