Големо невреме со обилни дождови утрово ја зафати средна Италија. Еден од поплавените градови е Анкона.
Снимките покажуваат драматична акција на спасување на две жени кои со автомобил се заглавиле под подвозник и не можеле да поминат поради високото ниво на кал и вода, пренесува хрватски Индекс.
Италијанските медиуми пишуваат дека за малку е избегната трагедија. Полицајци ги спасиле заробените жени.
Полицајците ги скршиле прозорците, и двете жени ги извлекле од автомобилот. Автомобилот бил до покрвив во вода.