Османи: Планот 18 мора да го надмине квалитетот и амбициите на Планот 3-6-9

79

Имавме одлична презентација на Планот 18 пред различни целни групи како што е Делегацијата на ЕУ, мисиите на ОБСЕ, граѓанскиот сектор, опозицијата, со што го продолжуваме принципот на инклузивност уште во фазатра на негово создавање, рече вицепремиерот Бујар Османи пред членовите на министерскиот совет каде ја презентираше драфт верзијата од Планот 18.

– Планот 18 мора да го надмине квалитетот и амбициите на Планот 3-6-9, и да ја задржи и засили рефромската агенда на Владата во периодот од одлуката за преговори, па сѐ до нејзиниот почеток – истакна Османи, упатувајќи на важноста од создавање квалитетен План кој ќе ги оправда очекувањата за квалитетни и суштински реформи, и довербата во реформскиот курс на владата, како на домашната, така и на меѓународната јавност.

Во тој контекст, Османи информираше дека во текот на наредната недела очекува серија активности во насока на усогласување со забелшките на Планот кои во овој период пристигнуваат од сите заинтересирани страни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...