Роби Вилијамс го отвори спектаклот во Москва ВИДЕО

464

Во Москва почна најголемиот спортски спектакл, а отворањето на СП во фудбал на московскиот стадион Лужњики го следат околу 80.000 луѓе. По феноменалните кореографии на танц групите и настапот на Роби Вилијамс, почна натпреварот Русија-Саудиска Арабија.

На трибините е и еден од најголемите играчи во историјата на фудбалот и освојувач на Светските првенства, Аргентинецот Диего Армандо Марадона.

Шпанскиот голман Икер Касиљас и руската манекенка Наталија Водјанова го претставија трофејот кој ќе му припадне на победникот на Светското првенство.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...