Обдукцијата ќе покаже од што почина родилка во штипската Клиничка болница

799

Дваесет и осум годишната Маја Паневска од Свети Николе починала по 24 часа откако била примена на акушерското одделение во штипската Клиничка болница, потврди директорот на Клиничка болница-Штип Ален Ѓеоргијев.

Тој вели дека синоќа во 21 часот, по природен пат родилката на свет донела здраво машко дете, но од засега непознати причини починала утринава околу 6 часот и 50 минути.

Во соопштението од Клиничка болница-Штип се вели дека изразуваат сочувство на семејството и наведуваат дека телото на првороденката е дадено на обдукција.

Во текот на денов или најдоцна до утре очекуваат да го добијат извештајот од Патологија и Судска медицна во Скопје, по што на прес-конференција ќе ги соопштат деталите за прераната смртта на Паневска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...