Поранешниот претседател, потпретседател и сива еминенција на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, е уапсен во Босна и Херцеговина, јавува „Вијести“
Припадници на СИПА го уапсија Мамиќ во областа Меѓугорје.
За Мамиќ беше издадена меѓународна потерница затоа што беше осуден на шест и пол години затвор во Хрватска.
Мамиќ претходно изјави на N1 дека нема да се врати во Хрватска.
-Ни за жива глава неа да се вратам во Хрватска, не сум ја оштетил државата туку сум уплатил 780.000 евра во државниот буџет – рече официјалниот претставник на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ на N1.
Тој рече дека има информации дека може да биде киднапиран и пренесен во Хрватска.
-Јас сум опкружен со луѓе кои ме чуваат. Јас не знам далиќе дојдат да ме загрозат. Немам друга алтернатива. Не сакам да бегам и да се кријам. Многу наскоро ќе дојдам во Сараево, каде што живее моја братучетка повеќе од 50 години. Ќе дојдам во Сараево во кафана и ќе запеам севдах. Ќе се провеселам. Морам да продолжам да живеам. Екстремен дел од светот кој сака слава сака да ме компромитира – рече Мамиќ за телевизијата.