Бугарскиот премиер Бојко Борисов и министерката за надворешни работи Екатерина Захариева ја откажа средбата со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, која беше закажана за утре, објави бугарски „24 часа“.
Причината за откажувањето на двете средби е арогантното однесување на Иванов во текот на вчерашниот ден откако беше објавено постигнатото решение за проблемот со името меѓу Македонија и Грција.
Информацијата за откажувањето ја потврди и бугарската влада.
„Не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на соседната држава. Нашата позиција е принципиелна и јасна, како и на целата меѓународна заедница. Јасна е и позицијата на претседателот на Република Македонија. Владата не гледа смисла да биде вмешана во внатреполитичките дебати во Скопје. Клучно за иднината на нашиот сосед и интеграцијата во ЕУ и НАТО и тоа не треба да биде доведено во прашање“, соопштиле од бугарската влада.
Македонскиот претседател денеска остварил средба со бугарскиот колега Румен Радев.