Жена од Тенеси ја тужи НАСА, бидејќи не сака да и го одземат шишенцето со месечева прашина која ја добила од Нил Армстронг, јавуваат американските медиуми.
Лаура Мурај изјавила дека добила стаклена ампула полна со сива прашина, заедно со потпишана порака од славниот астронаут од Аполо 11, кога имала 10 години. Сега ја тужи НАСА, бидејќи се плаши дека владата ќе и ја земе ампулата.
Од НАСА изјавиле дека приватни лица не смеат да бидат сопственици на материјали од Месечината и во минатото покренувала казнени постапки против луѓе кои тврделе дека поседуваат такви материјали.
Мурај во тужбата навела дека Армстронг бил пријател на нејзиниот татко, Том Мурај во седумдесетите години. Лаура бара од сојузниот суд во Канзас да потврди дека таа е полноправна сопственичка на ампулата.