Партија за движење на Турците: Настапот на Иванов е несреќен потег

457

Човек со едноцифрен рејтинг нема право да ни ја крои судбината. Последниот збор ќе го кажат граѓаните, реагира Партијата за Движење на Турците во Македонија (ТХП) по денешното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов кој соопшти дека нема да го потпише и поддржи договорот со Грција.

„Во овој миг кога за прв пат во историјата сме на дофат да го решиме две и пол деценискиот спор со соседната Република Грција, нашата земја како никогаш досега има потреба од заедништво, разум и храброст. Токму високите државни функционери, институции и политички субјекти се тие кои треба во овие судбоносни моменти да покажат државотворен карактер, визија, храброст и одговорност. ТХП денешниот настап на Иванов го смета за несреќен потег. Ваквото однесување не само што нема да придонесе за иднината на нашата земја, туку сериозно ќе ги наруши сите стратешки цели на Македонија“, смета партијата.

Преку соопштение тие ги поздравија напорите на претседателот на Владата, Зоран Заев за надминување на спорот со Грција и воедно ги повикаа сите релевантни фактори, вклучувјќи ја и опозицијата да се однесуваат зрело и државнички, без никакви дневно политички калкулации.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...