Договорот за името в петок пред грчките пратеници

249

Дебатата во грчкиот парламент за договорот за спорот со името помеѓу Атина и Скопје ќе се одржи в петок, пишува електронското издание на грчкиот весник „Прототема“.

Премиерот Алексис Ципрас испратил писмо до претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, барајќи информацијата да биде проследена процедурално до останатите партии.

Претходно денеска, лидерот на грчката опозиција, Киријакос Мицототакис, го повика претседателот Прокопис Павлопулос да интервенира договорот постигнат меѓу Заев и Ципрас, пред потпишувањето, да помине во грчкиот Парламент за да се утврди дали мнозинството верува во договорот. (Макфакс)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...