Академик Фити промовиран во редовен член на Македонско научно друштво-Битола

117

Македонско научно друштво-Битола денеска приреди јавен академски настан на кој за редовен член во МНД-Битола беше промовиран претседателот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), академик Таки Фити.

Според академик Фити, мотивот за членување во МНД-Битола е базиран на податокот дека станува збор за репрезентативно и проминентно Друштво, организација постара од МАНУ.

– Ова за мене е голема чест затоа што МНД-Битола е многу проминентно, репрезентативно друштво, формирано во 1960 година кое е постаро од МАНУ. Приемот за редовен член во Друштвото овозможува мој директен ангажман и поддршка и затоа ќе ги интензивираме заедничките научни предавања, презентации, но исто така ќе ги вклучиме членовите на друштвото во клучните научно-исражувачки проекти на МАНУ. Му сугерирав на претседаталот на МНД-Битола да склучи меморандум за соработка со Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ, што го води академик Камбовски, со што директно ќе вклучи самото друштво во научно-истражувачките проекти на МАНУ -рече меѓудругото академик Фити на прмотивниот настан во Битола.

Во МНД-Битола, вклучувајќи го и академик Фити, од денес има 12 членови на МАНУ, а во редовите на оваа организација има и академици од други држави, како составен дел на членството во кое доминираа магистри и доктори на науки, истакнати уметници и писатели.

– Посебна чесет е актуелен претседател на МАНУ да се зачлени во МНД-Битола. Во првата фаза нашата идеја беше академик Фити да биде наш почесен член, но тој посочи дека сака да биде рамноправен, ист како другите. Зачленувањето на академик Таки Фити во МНД-Битола значи отворање нови врати, нови предзивици, нови можности да се докажуваме на просторот во кој дејствуваме, а тоа се науката, образованието, научно-истражувачката дејност, издавачката дејност итн – изјави Марјан Танушевски, претседател на МНД-Битола.

Академик Таки Фити на денешната негова промоција во редовен член на МНД-Битола, одржа пристапно предавање на тема „Нобеловци по економија“, кое освен членови на Друштвото го следеа градоначалниците на Битола и Демир Хисар, Наташа Петровска и Марјанче Стојаноски, почесниот француски конзул Калиопа Кривашија Стилиновиќ, како и студенти од јавните и приватните универзитети во Битола.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...