Се рботи на оспособување на „Јордан Мијалоков“ за сообраќај

842

По силното невремето кое попладнево го зафати Скопје, подвозникот на улицата „Јордан Мијалков“ не беше прооден за возила.

ЈП „Водовод и канализација“-Скопје информира дека нивните екипи се на терен и оти за кратко ќе го оспособат коловозот за непречено движење на возила.

Скопје попладнево повторно го зафатено силно невреме со пороен дожд, ветер и град. Поплавени се сообраќајници, а дополнително ќе биде утврдено дали има материјална штета.

Од УХМР соопштија дека дуваше ветер со брзина од 65 километри на час. Невремето засега е ограничено само на скопскиот регион.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...