Заменикот министерот за надворешни работи Андреј Жерновски и британскиот амбасадор Гарет разменија мислења за најновиот развој на внатрешно-политичките состојби во Република Македонија, како и за реформската агенда, пред сѐ во областа на правосудството.
Се разговараше и за постигнатиот договор помеѓу премиерите на Република Македонија, Зоран Заев и на Грција, Алексис Ципрас, за надминување на повеќедеценискиот спор, при што Амбасадорот Гарет ја поздрави храброста и лидерството на македонскиот Премиер. Исто така, амбасадорот Гарет, истакна дека британските интереси за стабилен и просперитетен Западен Балкан остануваат непроменети, изразувајќи уверување дека поддршка од Обединетото Кралство за Република Македонија нема да изостане ниту во наредниот период, соопшти МНР.