Заев:Граѓаните имаат демократско право да се изјаснат за иднината на Македонија

388

Премиерот Зоран Заев на средбата со Христијан Мицковски му го достави договорот за решение за спорот којшто Република Грција го имаше со Република Македонија.

Премиерот Заев на кусата средба потенцираше дека како одговорни политичари, во дадениот момент имаме обврска да им овозможиме на граѓаните на Република Македонија да го остварат деморкатското право и да добијат шанса да го дадат своето мислење во однос на договорот.

– Повеќе од 25 години, колку што е активен овој спор, граѓаните немаа прилика да видат ниту решение, ниту да се изјаснат. Овој договор ја гарантира иднината на Македонија како членка на НАТО и ЕУ – истакна премиерот Заев, јасно посочувајќи му на Мицковски дека и тие како опозиција треба да овозможат фер шанса последниот збор да го кажат граѓаните на референдум.

– Референдумот е консензус меѓу ВМРО ДМПНЕ и СДСМ како најголеми политички субјекти во Македонија со години наназад – рече Заев, и сите заедно треба да се заложиме граѓаните сами да одлучат за својата иднина и никој нема право да ги спречува во тоа.

Премиерот Заев ја упати пораката дека политичките субјекти треба да се обединат околу идејата за реферндум и заради националните приоритети на Република Македонија за членство во НАТО и ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...