Новиот предлог за името на државата ,,Република Северна Македонија” кој што дојде како резултат на преговорите меѓу Македонија и Грција преставува позитивен момент во изнаоѓање на трајно решение за името во спорот меѓу двете соседни земји и го отвара патот за ЕУ и НАТО интеграциите, велат од поранешниот партнер во Владата на Зоран Заев, а сега опозиција, Алијансата на Албанците.
Оттаму велат дека веруваат дека „Северна“ е прифатлива за сите и не го уценува мултиетничкиот карактер на државата за разлика од „Илинденска“ која, посочуваат, содржеше историски и религиозни елементи.
„Алијансата за Албанците во принцип го прифаќа предлогот и е подготвена да го даде својот придонес во Собрание за ратификација на договорот. Исто така АА е подготвена да му каже ,,Да” на Референдумот, инструмент преку кој граѓаните ќе го кажат својот конечен став“ посочуваат од партијата.
Овој е првичниот став на Алијансата во однос на предлогот за името на државата, додека за деталите кој што ги содржува договорот, најавуваат оттаму, ќе се изјаснат откако ќе го имаат предлог-договорот во раце, предлог кој што треба да го реши и прашањето на националниот идентитет.