На Кардиологија за првпат се прават интервенции за кои се одеше во странство ВИДЕО

Исто така, на денешната средба, соопштија од Владата, се разгледувала и можноста доктори од здравствените установи во Македонија повремено да доаѓаат на краткорочни и долгорочни до едукации на клиниката во Франкфурт, Германија.

560

Со официјализирање на соработката со Универзитетската клиника Јохан Волфганг Гете, за пациентите ќе овозможиме неопходните кардиохируршки интервенции да ги добиваат на клиниката за кардиохирургија во Скопје. Процедурите ќе ги изведуваат нашите доктори заедно со кардиохирурзите од Универзитетската клиника во Франкфурт. На тој начин, специјалистите – кардиохирурзи ќе се дообучуваат и во Македонија ќе добиеме врвни експерти од оваа област, најави министерот за здравство, Венко Филипче.

Министерот рече дека веќе започнала соработката и минатата недела за првпат под супервизија на експерт од Франкфурт за првпат се изведени две интервенции за кои досега пациентите се испраќале во странство.

Тој заедно со владина делегација предводена од вицепремиерот Кочо Анѓушев, во која се и министрите за финансии и за економија, Драган Тевдовски и Крешник Бектеши, е во посета на киниката која се наоѓа во Франкфурт, Германија.

Потенцирајќи дека голем дел од пациентите од Република Македонија за посложени интервенции сѐ уште се препраќаат на лекување во странство, министерот за здравство д-р Венко Филипче, истакна дека на тој начин и пациентите непотребно се измачуваат, а од друга страна докторите не учат нови и модерни кардиохируршки техники.

Исто така, на денешната средба, соопштија од Владата, се разгледувала и можноста доктори од здравствените установи во Македонија повремено да доаѓаат на краткорочни и долгорочни до едукации на клиниката во Франкфурт, Германија.

Професорот Томас Валтер, кој 25 години работи како кардиохирург и е директор на одделот за кардиохирургија во болницата во Франкфурт, истакна дека особено е значајна соработката меѓу докторите од различни земји. Тоа, како што рече, е одлична можност да се разменат искуства и идеи во одредена област. Придобивката, истакна тој, секако е најголема за пациентите.

– Мора да работиме заедно, а не самостојно. Секоја интервенција бара тим од лекари. А тимот може да биде составен од лекари од нашата клиника и вашата клиника за кардиохирургија во Скопје – додаде професорот Валтер.

На средбата, докторите на министрите во Владата на Република Македонија им презентираа и дел од современите интервенции кои се изведуваат на Универзитетската клиника во Франкфурт.

Инаку, првата кардиохируршка интервенција воопшто е направена токму на Универзитетската клиника Јохан Волфганг Гете, во Франкфурт. Ја извел д-р Лудвиг Рен во 1896-тата година.

Клиниката при Универзитетот Јохан Волфганг Гете во Франкфурт, Германија се состои од 32 специјализирани клиники од неколку области: анестезиологија и интензивна нега, кардиохирургија и кардиологија, офталмологија, и.т.н. Научно истражувачката дејност ја спроведуваат 20 институти. Универзитетската клиника во Франкфурт брои околу 4 илјади вработени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...