Сплотеност, а не разединување

Да ја чуваме државата, а за името, сите заедно ќе се договориме. Македонија е сѐ што имаме.

1733

Една е Македонија, наша е на сите подеднакво. Ама жална Македонија сме ние, тажна, ни јужна, та ни северна.

Најлесно се пали фитилот на балканското буре со барут. Народот го манипулираат кога му удираат на емоции. Затоа не име, судство треба прво да смениме, потоа сѐ полесно и побрзо ќе си тече во државата, ако има во Македонија правда и еднаквост.

Парите украдени прво да ги вратат и да одгавараат пред лицето на правдата криминалните политичари од врвот на ДПМНЕ за енормното богатење, а потоа да продаваат патриотизам на напатен народ.

Државата осиромашна, украдена, апатична, ама битно е само кој политичар од власта да се оцрни повеќе, наместо убава иднина да се создава за народот. Опозицијата денес собира политички поени на национализам, за нашата и вашата благосостојба не се грижат, тоа бидете сигурни. Прес конференции денес држат од ДПМНЕ, ловат зборови и изјави мајсторите за спинови, а не се тука за конструктивни средби, за човечки договор и борба со аргументи со политичкиот противник. Иванов нема трпение за разговор и за две минути ја напушта средбата со владата, а првиот човек на опозицијата, продава демагогија на прес.

Ај, уозбилете се сите, народот ви гладува и светот ни се смее, седнете како луѓе и договорете се дома прво, застанете сите зад едно решение и да почнеме да живееме. Ни помина младоста на клацкалка, не туку мудрувајте политичари, туку земете сработете за државата сите заедно. За да не биде како народ и како држава. Уморен е овај народ од неизвесности. Тие што можат да си дозволат, на плажа на Егејско море се, другите се капат под жешкото македонско сонце, ама на сите безгрижност, стабилност и сигурност им треба.

Да ја чуваме државата, а за името, сите заедно ќе се договориме. Македонија е сѐ што имаме.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...