Мицкоски бара итна средба кај Иванов и кај Заев

Мицкоски рече дека тој и партијата ВМРО-ДПМНЕ нема да прифатат ниту да поддржат промена на Уставот со цел промена на уставното име и ќе се спротистават со сите демократски и правни средства против овој, како што рече, капитулантски договор.

935

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска побара итна средба кај претседателот Ѓорге Иванов и кај премиерот Зоран Заев, како и неотповиклива оставка од министерот за надворешени работи Никола Димитров.

Тој побара на средбата со премиерот Заев да му биде доставен пишаниот документ од договорот со Грција.

Мицкоски повтори дека договорот на Заев со Грција е капитулација. Тој на денешната прес конференција емитуваше стара изјава во која премиерот Зоран Заев уверува дека никогаш не би прифатил промена на уставното име.

– По само неколку месеци тој направи драстично менување на ставовите. Тоа ѝ прави непоправлива штета на Република Македонија. Ова е апсолутен пораз на македонската дипломатија и изневерување на очекувањата на граѓаните – рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека тој и партијата ВМРО-ДПМНЕ нема да прифатат ниту да поддржат промена на Уставот со цел промена на уставното име и ќе се спротистават со сите демократски и правни средства против овој, како што рече, капитулантски договор.

 

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...