Ново рочиште за „Тенк“ на 29 јуни

167

Следното рочиште за издвоената постапка за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за предметот на СЈО „Тенк“ ќе се одржи на 29 јуни. Денешното судење за Јанкулоска беше одложено поради нејзино неприсуство во Судот, поради ризична бременост.

Постапката на 29 јуни почнува одново, а денеска судијката Добрила Кацарска закажа 25 нови рочоишта до октомври годинава.

Во случајот „Тенк“, за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра, обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

За овој случај Ѓоко Поповски беше осуден на шест години и шест месеци затвор, а Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...