Павлески: Му го спасив животот на Села, а ме осудија

Затворската казна тие ќе ја извршат кога пресудата ќе стане правосилна односно кога Апелациониот суд ќе одлучи за жалбите.

1785

Стојан Павлески кој доби три години затвор за насилството во Собранието како дел од обвинетите во случајот со тепањето на Зијадин Села рече дека казната е превисока.

– Му го спасив живот, а ме осудија на три години – рече Павлески коментирајќи ја просудата пред медиумите.

Неговата адвокатка најави жалба пред Апелација.

Цео Ѓорѓиевски кој беше осуден на една година и два месеци не сакаше да коментира пред новинарите.

На обвинетите како дел од казната ќе им се смета и времето кое го примиле во притвор. Цео Ѓорѓиевски беше во притвор од 10 мај 2017 до  јуни годинава, а Стојан Павлески во притвор беше од 17 октомври лани до 6 јуни годинава. Тоа значи дека на Ѓорѓиевски му остануваат уште еден месец затвор, а на Павлески кој помина осум месеци во притвор му останува да послужи уште околу две години и четри месеци.

Затворската казна тие ќе ја извршат кога пресудата ќе стане правосилна односно кога Апелациониот суд ќе одлучи за жалбите.

За Павлески, рече судијката Славица Андреевска, казната е повисока бидејќи тој е првиот кој го пробива кордонот и влегува во прес салата во Собранието.

– Ако некој си зема за право вака да влегува и да се однесува во законодавниот дом, што се случува со останатите објекти, што се случува со домовите на граѓаните – рече судијката при читањето на пресудата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...