Заев и Димитров направија влези-излези во вилата на Иванов

1991

Само две минути траела средбата на која премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, претпладнево требаше да го информираат претседателот Ѓорге Иванов за постигнатиот договор со Грција.

„Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ги прими претседателот на Владата на Република Македонија, г. Зоран Заев и министерот за надворешни работи на Република Македонија, г. Никола Димитров.

Информираме дека средбата траеше две минути. Во текот на денешниот ден претседателот Иванов ќе има обраќање до македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија“, соопшти кабинетот на Иванов.

Наводно, Иванов го побарал на писмено договорот со Грција, по што рекол дека нема потреба да го продолжат состанокот.

Договорот, како што најави премиерот Заев, утре ќе биде разгледан на владина седница и ќе биде презентиран пред сите релевантни политички субјекти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...