Австрија го поздрави договорот меѓу Скопје и Атина

Кнајсел веќе го употреби идното име на Македонија.

172

Министерката за надворешни работи на Австрија Карин Кнајсел им честиташе на Атина и на Скопје на изнаоѓањето решение за долгогодишниот спор за името на Македонија.

Кнајсел во таа прилика веќе го употреби идното име на Македонија.

– Честитки за Грција и за Северна Македонија за решавањето на долгогодишниот спор за името. Тоа е успех на дијалогот и дипломатијата. Тоа е важен ден за целиот регион – напиша таа на Твитер.

Нејзиниот твит подоцна го сподели и австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...