САД им честитаат на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев Алексис Ципрас и Зоран Заев, и го поздравуваат историскиот договор за решавање на спорот за името. Решението ќе биде од корист за двете земји и ќе ги зајакне регионалната безбедност и напредокот. Премиерите Заев и Ципрас покажаа визија, храброст и упорност во изнаоѓање на заемно прифатливо решение, изјави портпаролката на Стејт департментот Хедер Нуерт.
– Подготвени сме да го поддржиме овој договор, како што беше побарано од двете земји – вели Нуерт во пишаната изјава што ја пренесува Гласот на Америка на македонски јазик.
Вашингтон изразува благодарност и до медијаторот Метју Нимиц, кој како што се посочува, 20 години посветено работеше за изнаоѓање решение.