Андов: Со ова се покажува дека Македонија не е само грчка, туку постои и Република Македонија

5167

При вака тежок процес, реакциите од македонската и грчката опозиција се разбирливи. Не очекував согласност, мислев уште ќе се влече прашањето. Тоа се многу сложени процеси, мислам дека ова е уникатен случај, не се случило во историјата на ОН некој ваков случај, вели првиот претседател на Собранието, Стојан Андов во гостувањето во Студио 1 на 1тв.

Тој смета дека треба да се очекува реакција од грчкиот парламент, односно дали таму ќе помине овој договор бидејќи со ова се покажува дека Македонија не е само грчка, туку постои и Република Македонија.

-Не знам дали ќе преживее оваа работа до крај. Грција избегнуваше, не сакаше да преговара директно со нас, туку преку медијаторите. Со ова прашање во Грција се добиваат или се губат изборите – додава Андов.

Според него, ова е добро решение бидејќи се зачувуваат нашите основни вредности.

-Ми олеснува решението во делот на јазикот, бидејќи паѓаат во вода аргументите на оние кои ни го оспоруваат јазикот – истакна првиот претседател на Собранието.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...