Коѕијас: Договорот е добар, опозицијата е лоша

888

Договорот е добар, опозицијата е лоша, напиша на неговиот Твитер профил, шефот на грчката дипломатија коментирајќи го ставот на Мицотакис, кој како што веќе објави МИА, рече дека договорот е лош и го повика Ципрас да не го потпише.

– Договорот е добар. Лоша е опозицијата. Лошо, не знае историја и вон реалноста е денешното раководство на Нова демократија. Сака да ја подели земјата за да не излезе на виделина внатрешната поделеност во партијата, напиша Коѕијас, јави дописничката на МИА од Атина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...