Тачи и Харадинај: Честитки до Заев и Ципрас за визијата и истрајноста

397

Косовските претседател и премиер Хашим Тачи и Рамуш Харадинај им честитаа на Атина и Скопје за постигнатиот договор за името на Македонија, јави Танјуг.

– Им честитам на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев и нивните граѓани, напиша Тачи на Твитер, со порака дека „обновената можност за влез (на Македонија) во ЕУ и НАТО му помага и на Косово и на целиот Западен Балкан“.

Харадинај, на истата социјална мрежа, решавањето на прашањето за името го оцени како „одлична вест“.

– Им честитам на Заев и Ципрас на визијата и истрајноста. Се надевам дека сите преостанати отворени прашања на Балканот ќе бидат решени со ист конструктивен пристап, порача косовскиот премиер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...