Столтенберг: Ги повикувам двете страни да го финализираат договорот

202
ФОТО: EPA/OLIVIER HOSLET

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го поздрави договорот за спорот со името постигнат меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас и повика тој да се финализира.

– Топло го поздравувам договорот помеѓу премиерот Ципрас и премиерот Заев за решение за спорот за името. Овој историски договор сведочи за многугодишна трпелива дипломатија и волја на двајцата лидери да решат спор кој предолго го засега целиот регион. Сега ги повикувам двете страни да го финализираат договорот постигнат од страна на лидерите. Ова ќе го стави Скопје на патот на членство во НАТО и ќе помогне да се консолидира мирот и стабилноста на целиот Западен Балкан – вели Столтенберг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...