Заев: Република Северна Македонија, јазик македонски, националност – граѓани на Северна Македонија

1526

Република Северна Македонија (Republic of North Macedonia, на англиски) е името за севкупна употреба кое е договорено меѓу премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Премиерот Заев на прес-конференција во Владата со сите министри информираше дека е постигнато достоинствено решение за името – Република Северна Македонија со превод на сите јазици, за севкупна употреба, кое ќе се прецизира со амандман во Уставот.

– Националноста е македонска/ граѓани на Република Северна Македонија. Со решението го јакнеме идентитетот македонски. Македонскиот јазик и народ ќе бидат заштитени и зајакнати еднаш и засекогаш. Нема веќе ФИРОМ, нема веќе договори во кои се избегнува македонскиот јазик. Свои сме на своето и коченчно тоа е признато од сите наши соседи. Ќе се зајакне културниот идентитет, нашата придобивка е огромна, ветува стабилна и проперитетна иднина на нашите граѓани – рече Заев.

Тој додаде дека конечно ќе бидеме признаени од Грција и од меѓународната заедница.

– Етничкиот и културен идентитет е заштитен. Зајакнат идентитет и гаранција за безбедност и просперитет – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...