Заев и Ципрас се слушнаа, премиерот закажа прес-конференција во 18.30 часот

648

Ве известуваме дека Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска, во 18.30 часот во Медиа центар, заедно со членовите на Владата на Република Македонија ќе одржи прес конференција во врска со договорот за спорот кој Република Грција го има со уставното име на Република Македонија.

Во 18 часот по локално време пак, грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе се сретне со грчкиот претседател.

Ципрас во претседателската палата ќе го информира Прокопис Павлопулос за телефонскиот разговор со Зоран Заев.

Според информациите од Атина, македонскиот и грчкиот премиер веќе го оствариле телефонскиот разговор закажан за попладнево.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...